Кој има тетоважа, нема да игра за кинеската репрезентација

1 min read

Кинеското министерството за спорт одлучи да им забрани на фудбалските репрезентативци да се тетовираат и тие во иднина нема да може да играат за националниот тим или за клубовите во најбројната држава во светот.

Оваа одлука доаѓа во време кога владата се обидува да ги запре трендовите кои ги смета за вулгарни. Во последните неколку месеци, Кина се обидува да ја поврати контролата над содржините како музика, видео игри и реалити програми кои доаѓаат од странство, а сега истото го прави и со тетовирањето.

Од Министерството за спорт потенцираат дека доколку некој фудбалер има тетоважа, таа мора да биде покриена за време на тренинзи и натпревари на кинеската репрезентација.

„Нема договори, нема репрезентација доколку имаат тетоважи. Тие играчи кои ги имаат, треба да ги покријат како знаат бидејќи во спротивно нема да играат. Фудбалерите мора да бидат пример во заедницата како и останатите спортисти, тие треба да претставуваат за здрав живот, однесување и со појавата мора да бидат посебни и позитивни“, соопшти кинеското министерство за спорт.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скандалозно: Врие фотографии од голи малолетни девојчиња во групата „Јавна Соба“

Следно

Трет ден рекорден број новозаразени со ковид-19 во Грција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian