Камчев е во „Систина“ наместо во Шутка, Апелација утре може и него да го ослободи од притвор

1 min read

Обвинетиот во процесот „Плацови на Водно“, Орце Камчев, во средата попладне се пожалил на здравствени проблеми, а Основниот кривичен суд, каде се води овој судски процес, му дозволил да биде префрлен на лекување во приватната болница „Аџибадем Систина“, објави СДК.мк.

Како што дознава порталот од болнички извори, Камчев, кој е член на одборот на директори во „Систина“, таму веќе го чекал тим од лекари, кој по прегледот утврдил дека бизнисменот треба да биде задржан на лекување во болницата.

Според извори од вработените во затворот кои биле на смена, Камчев бил прегледан од затворскиот лекар и откако притвореникот се жалел на силни и континуирани болки во стомакот, бил напишан извештај и пратен до надлежниот суд. Судот дозволил тој да биде префрлен во приватната болница.

Денеска повеќе медиуми објавија дека Камчев барал да биде ослободен од притвор, како и дека е можно скопска Апелација уште утре, на последниот ден од годината, да одлучи да го ослободи. Судиите од овој суд веќе донесоа таква одлука за поранешниот шеф на ДБК, Сашо Мијалков, кој исто така е обвинет во случајот „Плацови на Водно“, а беше ослободен од притвор откако му беше прифатена гаранција од 11 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прв случај на „флурона“ во Израел: Родилка истовремено се инфицирала со грип и со коронавирус

Следно

ВИДЕО: „Ѓаволско“ полувреме на Јунајтед за победнички крај на 2021 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian