Хрватска без Карачиќ на ЕП

1 min read

Селекторот на хрватската репрезентација Хрвоје Хорват, го објави конечниот список од 18 ракометари кои ќе патуваат на Европското првенство во Унгарија и Словачка и на списокот го нема поранешниот вардарец, Игор Карачиќ.

Карачиќ не е повреден, туку поради преголем замор нема да биде дел од репрезентацијата на Хрватска, но селекторот Хорват го планира како замена доколку дојде до несакана повреда по првиот дел од Европското првенство.

Освен бекот на Келце, од списокот на Хорват отпаднаа и играчот на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш, Тин Лучин, а Мануел Штрлек, Марино Мариќ, Марин Шего, но затоа во тимот е играчот на Вардар, Анте Гаџа. Хрватска на ЕП е во група со селекциите на Франција, Србија и Украина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пендаровски: Од тоа колку соработуваме со соседите, се гледа колку сме подготвени за ЕУ

Следно

Сè што не сте знаеле за салатата без којашто не може да помине ниту една новогодишна трпеза

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian