Крис Хемсворт на само два дена на прагот на новата година ужива во ниските температури – топлес, и храбро легнат во снег!
Актерот од „Thor“, кој моментално е во Австрија додека продолжува со снимањето на филмот на Нетфликс „Extraction 2“, храбро издржа „снежна бања“ во средата заедно со пријател кој му се придружи во истото.
„Ледените бањи се стара вест. Се’ е околу снежните бањи во 2022 година“, напиша 38-годишниот актер на објавата на Инстаграм на која се гледа како потопен во снег.
View this post on Instagram
Претходно оваа недела, Крис и неговото семејство споделија фотографии и видеа од нивното групно скијање.
Во една објава, сопругата на Крис, Елса Патаки, сподели серија фотографии, вклучувајќи една од неа и Крис прегрнати пред новогодишна елка. На друга слика од серијата фотографии 45-годишната Патаки и Крис се појавуваат заедно со две од нивните три деца како стојат заедно на снегот.
View this post on Instagram
На други фотографии е прикажан помладиот брат на Крис, Лиам Хемсворт, како и девојката на Лиам, Габриела Брукс.
“Среќен Божиќ!! Фелиз Навидад!” Напиша Патаки покрај објавата на Инстаграм.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Извор: www.slobodenpecat.mk