ФОТО | На Донатела Версаче ѝ се смачи да го грешат презимето: Еве како се изговара точно

1 min read

Секако дека често се случува да не го изговориме името на одреден моден бренд точно, особено кога не е од нашето говорно подрачје. Лобутен или Лобутин? Ив Сен Лоран или Ив Сен Лорен?

Дури и оние што се најинволвирани во модната индустрија, се мачат со имињата на младите дизајнерски имиња како што се „Proenza Schouler“, „Alyx“, или „Eckhaus Latta“. Успеавте нешто од овие имиња да изговорите точно?

Така на Донатела Версаче, сестрата на популарниот и одамна починат Џани Версаче, ѝ  дојде преку глава од погрешното читање на името, па реши да направи кампања за правилно изговарање на презимето на нејзиното семејство и името на брендот.

Името на познатата модна куќа погрешно се изговара најчесто кај клиентите кои се од англиско говорно подрачје и го читаат по свое, со „и“ на крајот, па така Версаче звучи Версачи, што е секако погрешно.

Во кампањата учествуваа и сестрите Хадид, и Имам Хамам и многу други познати модели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Versace (@versace)

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трет ден рекорден број новозаразени со ковид-19 во Грција

Следно

Вработена во Комплекс клиники пријавила дека била нападната од колешка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian