ФОТО | Легенди кои нè напуштија: 2021 однесе многу големи имиња

2 mins read

Годинава што измина беше предизвикувачка за сите што ја сведочевме и живеевме. Полека завршува и ни остава спомени од луѓето кои нè напуштија – големи луѓе од светот на филмот, музиката, театарот… И оставија неизбришлива трага и спомен. Важно е да ги запаметиме луѓето кои веќе ги нема и да им оддадеме последна почит – со сеќавање низ фотографии и зборови.

Во Македонија, кажавме последно збогум на неколку имиња кои заминаа во вечноста, но нивната работа, лик и дело ќе останат засекогаш дел од нашата колективна свест и заслужено ќе бидат запаметени.

Во 2021 година Македонија се прости од Сабина Ајрула Тозија, позната актерка во македонскиот драмски театар која почина во август, фолк-пејачот Васил Атанасов замина во октомври, младиот актер Славиша Кајевски нè напушти во декември, великанот Зафир Хаџиманов, пејач, композитор, актер и поет почина во март, актерот Луран Ахмети почина во март, Љупчо Тодоровски Упа, еден од повпечатливите актери кај нас замина во јануари…

И Балканот се прости од големи имиња кои со своето постоење и творење оставија неизбришлива трага, но нивната работа и големи дела што ги оставија зад себе, нема никогаш да бидат заборавени.

2021 in memoriam
2021 in memoriam

Во 2021 година починаа големи имиња од светот на музиката, меѓу кои Маринко Роквиќ, пејачот на севдалинки и миленик на една генерација, фолк-пејачот Џеј Рамадановски, панонскиот морнар и музичар-симбол на поранешните ју-републики Ѓорѓе БалашевиќИван Тасовац – директорот на Белградската филхармонија и поранешен министер за култура, фолк-пејачката Мерима Његомир, текстописецот Марина Туцаковиќ, омилена меѓу естрадата во регионот…

Нека им е светол патот и вечна им слава.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Барселона во јануари ќе купува поранешен напаѓач на Реал Мадрид

Следно

Бесплатни менструални производи за ученичките од скопските училишта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian