На 28.12.2021 во 15.20 часот на ул.„Хирсто Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода ги лишиле од слобода Т.В.(38) и Б.Т.(33), двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 15.00 часот извршиле кражба во обид во стан на ул.„Христо Татарчев“, сопственост на Д.С.(74) од Скопје.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: skopjeinfo.mk