Дневен хороскоп за 30 декември: Зрачите со харизма и самодоверба на кои никој не може да им одолее

5 mins read

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 30 декември, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес. 

Овен

Имајќи го предвид планетарниот аспект, денес ќе бидете полни со оган. По прашање на љубовта, ќе бидете примамливи и речиси неодоливи. Ако некој досега и успевал со итрината да го скрие она што го чувствува кон вас, денес тоа никако нема да успее. Зрачите со харизма и самодоверба на кои никој не може да им одолее.

Бик

Повеќе размислувате каде би ја поминале новогодишната ноќ отколку на финансиите. Денес се одмoрате, а имате доволно пари. Емотивните односи не се премногу добри пред крајот на денот. Веројатно ќе имате гости кои малку ве оптоваруваат со своето присуство во домот.

Близнаци

На деловно поле, нема потреба од загриженост. Имате одлична енергија за работата што ве чека. На емотивно поле, партнерот е воодушевен од вашите креативни импулси со кои зрачите повеќе отколку што сте свесни за вашата сила. Нежноста ја покажувате на посебен начин.

Рак

Бидете добро расположени кон секого. Покажете емпатија кон туѓите проблеми. Не  оптоварувајте ги премногу ниту соработниците околу вас, но ниту себеси. На емотивно поле, полни сте со љубовни вибрации кон саканата личност. Денешниот ден ви носи љубов и невидени емоции. Добро се чувствувате во сопствената кожа.

Лав

Сѐ што ви е потребно е малку одлучност за да ги надминете препреките и да ѝ пријдете на личноста која ви се допаѓа. Ѕвездите денес ќе ви донесат храброст и волја за да сфатите дека проблемот што го имате, всушност, и не е проблем и дека е потребно многу малку за да бидете среќни. Поентата е во тоа да кажете како се чувствувате.

Девица

Имајќи го предвид денешниот планетарен склоп, нема да имате друга опција освен да донесете конечна одлука по прашање на личноста која ја сметате за неодолива. Таа личност, не само што едвај чека да ѝ пријдете, туку веќе размислува таа да го направи првиот чекор. Бидете вие први кои ќе го направите одлучувачкиот чекор. Небото е на вашата страна.

Вага

Денес ѕвездите ве советуваат да зборувате јасно за своите чувства. Бидете она што сте целосно и до крајот. Не обидувајте се да играте игри. Сѐ што сакате можете да го изразите на културен и смирен начин. Сѐ додека искреноста е меѓу вас, врската ќе ви оди во позитивна насока. Само не избувнувајте за ситници.

Скорпија

Важни промени на работното место. Промените ќе одат во ваша корист. Ќе бидете со бистра глава при донесувањето на одлуката која навистина ќе ви го промени животот. На емотивно поле, картите се во ваши раце, па вие го диктирате односот со вашиот партнер. Можеби ќе дојде до мали конфликти, но брзо ќе ги решите.

Стрелец

Вашата тврдоглавост може да ви донесе штета. Затоа, обидете се сите важни разговори да ги оставите за утре. Добро размислете што вие можете да понудите, за она што го барате за возврат.

Јарец

Изнесете на површина сѐ што чувствувате кон својата нова љубов. Таа конечно ќе сфати како се чувствувате, имајќи предвид дека сте главно затворени и повлечени. По овој ден оганот на страста и љубовта помеѓу вас уште повеќе ќе се „запали“. Уживајте еден во друг.

Водолија

Смирениот пристап кон проблемите денес ќе ви зачува важни пријателства. На работното место гледајте на квалитетот и долгорочната исплатливост. Не правете ништо моментално и непрофитабилно. Упорноста во љубовта може да ви донесе тензии. Не избрзувајте. Обидете се малку да забавите во вашиот однос кон партнерот и да не го притискате.

Риби

Мошне добар ден за оние кои имаат некаков контакт со странство. Нови работни можности се отвораат поврзани со странство, а со тоа и поголеми финансии. Во љубовта не е пожелно да се посетувате со семејството или со пријателите денес, бидејќи енергијата ви е на ниско ниво, па може да дојде до некои несогласувања.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јанша: Се изборивме во документите на ЕУ повторно да влезе перспектива за членство

Следно

Кој тип на автофагија е најефективен?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian