Епидемиологот д-р Драган Даниловски на синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“, изјави дека коронавирусот е во паника, а за шест месеци ќе биде „питомо маче“, а ноктите ќе му се истапат и тој ќе битисува одредено време како ендемски жител меѓу нас.
Тој вели дека сите луѓе ќе го прележат вирусот.
– Вирусот е во паника, апсолутно веќе не важи ни вакцината, сите ќе го поминеме, за очекување е дека за околу шест месеци тој ќе се сведе на „питомо маче“, ноктите ќе му се истапат и тој ќе битисува одредено време како ендемски жител меѓу нас – кажа д-р Даниловски.