Бугарската Влада одобри 860 милиони лева (430 милиони евра) за поддршка на бизнисот поради високите цени на електричната енергија и на природниот гас, изјави премиерот Кирил Петков.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, министрите веќе изгласале 60 лева (30 евра) кои ќе бидат додаток на пензиите од 1 јануари до средината на 2022 година.
На седницата на бугарската Влада е изгласано еднократен додаток од 75 лева (37 евра) да добијат сите пензионери, а не само лицата над 65 години, кои целосно се вакцинирани. Мерката ќе чини 100 милиони лева (50 милиони евра).
Додека 750 милиони лева (370 милиони евра) се предвидени за мерката со која сите пензионери, без оглед дали се вакцинирани или не, во првите шест месеци од 2022 година ќе добијат 60 лева (30 евра) за следната половина година. Ќе биде за сите, не само за вакцинирани пензионери во Бугарија.
Извор: МИА