Бугарија го намалува рокот за примање трета доза од шест на три месеци

1 min read

Главниот државен здравствен инспектор на Бугарија, Ангел Кунчев соопшти дека Министерството за здравство воведува нов рок за примање дополнителна доза од вакцина против Ковид-19, намалувајќи го од шест на три месеци.

Во случај на вакцинација со „Јансен”, овој период ќе биде два месеца, како што е препораката на експертите, јави дописникот на МИА од Софија.

Ажурирањето на роковите е неопходно поради новиот вид на вирусот Омикрон.

Според Кунчев, истражувањата покажуваат дека три месеци имаат максимален ефект.

– Само за вакцината „Јансен” овој период ќе биде во рок од два месеца, но тоа ќе важи само за вакцинираните над 18 години, додаде Кунчев.

Излекуваните од ковид-19 ќе можат да се вакцинираат со целосен распоред за имунизација не порано од три месеци по лабораториска потврда на дијагнозата. Кај пациенти заболени од ковид-19 по примањето на првата доза на вакцина, ревакцинацијата треба да се даде не порано од три месеци по лабораториска потврда на дијагнозата.

Од утре граѓаните на Бугарија ќе можат да ги добијат своите ажурирани европски дигитални ковид-сертификати.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Никогаш поуспешна спортска година за Македонија: Најмногу радости во 2021 ни донесоа Георгиевски и „рисовите“

Следно

Конечно разрешен разводот на Др. Дре: Поранешната сопруга ќе добие деветцифрена сума!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian