Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

1 min read

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде бесплатно за сите граѓани на Р.С.М., информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

-Согласно Одлуката на претпријатието, на 31.12.2021 година (петок) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот, катната гаража до 17:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работи до 15:00 часот. На 01.01.2022 година (сабота) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2022 година (понеделник) со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници на 06.01. (четврток) и 07.01.2022 година (петок) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2022 година (сабота) со вообичаено работно време.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар Ви посакува убави новогодишни и божиќни празници, соопштија од ПОЦ.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

10 супер моќи на ЧАЈОТ ОД НАНЕ

Следно

Студија: Вакцинираните со бустер дозата позаштитени доколку член од семејството се зарази со омикрон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian