Берлин се откажа од одликување на негатор на геноцидот во Сребреница

1 min read

Професорот Гидеон Грајф, претседател на комисијата која, и покрај одлуките на меѓународниот суд, заклучи дека не може да се тврди оти се случил геноцид во Сребреница, нема да биде одликуван со Орден за заслуги на Сојузна Република Германија.

Тоа го наведе германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во писмо испратено до претседателот на Управниот одбор на Исламскиот колеџ во Оснабрик, Еснаф Бегиќ, пренесе Н1 БиХ.

– Сојузното Министерство за надворешни работи го повлече предлогот на професорот Грајф да му се додели Орден за заслуги на Сојузна Република Германија… Таа одлука не ги намалува заслугите кои професорот Грајф ги стекна во истражувањето на Холокаустот и германските Евреи кои емигрирале во Израел, се наведува во писмото од германскиот претседател до Бегиќ, како одговор на неговата остра реакција на најавата дека на Гриф ќе му биде доделен орден.

Професорот Грајф беше претседател на Независната меѓународна комисија за истражување на страдањата на сите народи во регионот на Сребреница од 1992 до 1995 година, која е формирана од Владата на Република Српска. Таа комисија дошла до заклучок дека „во Сребреница немало ниту поединечно злосторство геноцид, ниту пак геноцид воопшто”.

По острите реакции на заклучоците на комисијата, Германија првично ја откажа церемонијата на доделување на орденот на Грајф во својата амбасада во Израел, а потоа реши целосно да го повлече предлогот за врачување на признанието.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Основно училиште со капацитет за над 500 ученици ќе се гради во Визбегово

Следно

Кој има тетоважа нема да игра за кинеската репрезентација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian