Барселона во јануари ќе купува поранешен напаѓач на Реал Мадрид

1 min read

Барселона иако се наоѓа во големи финансиски проблеми, ќе биде активна во зимскиот преоден рок кога ќе се обиде да донесе поранешен фудбалер на Реал Мадрид.

На „Камп Ноу“ пристигна Феран Торес од Манчестер сити, но тренерот Чави Ернандез во екипата сака уште еден напаѓач бидејќи во јануари ќе си замине Лук де Јонг кој не ги исполни очекувања.

Весникот „Марка“ пишува дека Чави го сака поранешниот играч на Реал Мадрид, Алваро Мората, но за да се реализира трансферот ќе мора да се постигне договор помеѓу три клуба, Барселона, Атлетико и Јувентус.

Имено, Мората е под договор со Атлетико Мадрид, но сезонава настапува како позајмен играч во Јувентус. „Старата дама“ за двегодишната позајмица плати 20 милиони евра и секако ќе бара од Барселона финансиска компензација за да го пушти напаѓачот да си замине.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стружани без еуфорија за новогодишната ноќ

Следно

ФОТО | Легенди кои нè напуштија: 2021 однесе многу големи имиња

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian