Анкета: Французите не се многу оптимисти за 2022 година

2 mins read

По тешката 2021 година, студијата на Одокса БакБон Консултинг за „Ле Фигаро“, открива дека Французите речиси и да немаат никакви илузии за претстојната 2022 година, дури 59 отсто од Французите очекуваат следната година да биде идентична со 2021 година.

Додека 23 проценти од испитаниците истакнале дека следните неколку месеци ќе бидат полоши. Само 17 отсто оцениле дека следната година ќе биде подобра.

На здравствен план, Французите не се посигурни: 85 отсто изјавиле дека пандемијата со Ковид-19 нема да заврши во 2022 година. Резултатите од анкетата покажуваат и одреден „замор” и „незаинтересираност” за пандемијата.

Дури 60 проценти од испитаниците изјавиле дека земјата треба да доживее огромно социјално движење во наредните месеци, како Жолтите елеци, а 49 отсто од нив предвидуваат и економска криза.

На политичкиот и на изборниот фронт, мнозинството Французи (53 отсто) предвидуваат реизбор на Емануел Макрон, помалку од една третина (28 проценти) победа на Валери Пекрес кандидатката на Републиканците и 22 отсто се изјасниле за еден од двата кандидати на националистичката крајна десница – Ерик Земур или Марин Ле Пен.

Претседателот на Републиката, исто така, за 30 проценти од Французите ќе биде политичка личност во 2022 година. Следи потоа претседателката на регионот Ил-де-Франс и кандидатката на Републиканците Валери Пекрес (19 отсто) и Ерик Земур (17 проценти). Доказ дека владее неизвесност на идните избори, сценариото, долго најавувано, за дуел Макрон-Ле Пен веќе не е очигледно како порано.

Претседателската кампања, според Французите, несомнено треба да одговори на главните грижи на гласачите. Имено, куповната моќ и здравјето (за 54 отсто), како и за несигурноста (37 проценти), за имиграцијата (32 отсто) и вработувањето (29 остсо).

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Конечно разрешен разводот на Др. Дре: Поранешната сопруга ќе добие деветцифрена сума!

Следно

Официјална Софија реагира: Русите провоцираат, ја избришаа Бугарија од картата на писменоста

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian