Започната кривична постапка против малолетен дилер на дрога

1 min read

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при скопскиот Основен кривичен суд достави барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за дете на возраст од 16 години за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 3 во врска со став 1, како и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ согласно член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО Скопје.

– На 10 ноември, во гаража на улицата „Бојмија“ во Скопје, заедно со уште две полнолетни лица за кои веќе се води постапка, осомниченото дете држело 149 таблети психотропна супстанција – 3,4 метилен диометамфетамин (МДМА), стимуланс на ценатралниот нервен систем. Во стан на улицата „Венјамин Манчуковски“, пак, кај осомничениот била пронајдена дигитална вага со остатоци од дрога и психотропна супстанција, но и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – околу 200 грама тринитротолуен, велат од скопското обвинителство.

Проценувајќи дека доколку му биде дозволено да се брани од слобода осомничениот би можел да се даде во бегство, јавниот обвинител на Судот му предложи да определи притвор за детето во судир со законот.​​ 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Дали знаете салото околу половината до која сериозна болест може да ве доведе?

Следно

Национален и европски рекорд со новозаразени со ковид-19 за 24 часа во Франција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian