Закерберг купил земјиште на Хаваи за 17 милиони долари

1 min read

Марк Закерберг го прошири својот огромен комплекс на Хавајските острови.

Милијардерот и извршен директор на матичната компанија на Facebook – Meta купил уште 455 квадратни метри земјиште на хавајскиот остров Кауаи, објави локалниот сајт за вести Honolulu Star-Advertiser, цитиран од Business Insider.

Според Star-Advertiser, купувањето го чинело Закерберг 17 милиони долари.

Ова е второ купување на Закерберг оваа година. Во март тој повторно купи 2.430 хектари земја за 53 милиони долари на островот Кауаи. Плацот има јавна плажа и ранч.

Присуството на Марк и неговата сопруга Присила на островот е предмет на контроверзии меѓу локалното население. Закерберг ги налути своите соседи уште во 2016 година со изградбата на висок ѕид околу неговиот имот со намера да ја намали бучавата од автопатот и патот. Една година подоцна, Закерберг поднесе тужба против семејствата кои тврдеа дека поседуваат парцели на неговиот имот.

Сепак, тој се откажа од случајот со образложение дека тој и Присила сакале „да разговараат со заедницата и да најдат подобар пристап“. На крајот, спорното земјиште беше продадено на лицитација.

Закерберг, Присила Чан и нивните две ќерки живеат во Пало Алто, Калифорнија, но се чини дека поминувале повеќе време во замокот на островот во последните две години.

Во март, двојката донираше 4,2 милиони американски долари на програма за жителите на Кауаи кои ги загубија своите работни места за време на пандемијата, а неодамна донираа 4,8 милиони американски долари во грантови за поволни станови.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

ФОТО | Вака изгледа одморот на вториот најбогат човек на светот: Безос ужива со новинарката на јахта

Следно

Двајца скопјани фатени на дело, краделе гориво од фирма

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian