Вонредна состојба во Бразил: Поплавите направија хаос во 116 градови

2 mins read

Во вкупно 116 градови во североисточната бразилска држава Баија е прогласена вонредна состојба поради големите поплави, предизвикани од обилните дождови, кои во регионот паѓаат од крајот на ноември.

Во последните денови поплавени се и градови во најмалку пет други земји на северот и југоисточниот дел на Бразил, додека во Баија поплавите погодија повеќе од 470.000 луѓе.

Во најмалку 50 градови, водата влезе во домовите и деловните објекти, а луѓето беа принудени да се евакуираат, додека официјалните владини податоци велат дека повеќе од 34.000 луѓе останале без покрив над главата, а речиси 43.000 се раселени.

Од почетокот на месецот во поплавите во Баија загинаа 21 лице, а 358 се повредени, пренесува АП.

Ова е најголемиот период на врнежи за Баија во последните 32 години, се наведува на веб-страницата на владиниот Национален центар за следење и предупредување од природни катастрофи.

Пет пати повеќе дожд

Во јужниот дел на Баија падна повеќе од пет пати повеќе од количеството дожд што е вообичаено за овој период од годината, а во денешното интервју за локалните радио станици гувернерот Руи Коста ја спореди ситуацијата со „бомбардирање“.

Тој, исто така, рече дека вакцините за коронавирус биле уништени во поплавите во некои градови.

– Некои општински здравствени установи и магацини за лекови се целосно под вода – рече гувернерот.

Во вторникот, населението од најмалку четири населби во Баија доби предупредување да ги напуштат своите домови поради зголемениот проток на реката Пардо и отворањето на браната Маќадо Минеиро во соседната држава Минас Жераис, се вели во соопштението на локалната влада.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно и врнежливо време

Следно

ВИДЕО | Симоновска-Момироска: „Ајде да читаме без дискриминација“ е нешто револуционерно во нашето издаваштво

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian