Викингшкиот трилер на Роберт Егерс пристигнува во април следната година

3 mins read

Режисерот и сценаристот Роберт Егерс, кој се прослави со филмовите „The Witch“ (2015) и „The Lighthouse“ (2019), се враќа со нов филмски проект – историски трилер, за кој се очекува да се појави во кината на 22 април 2022 година.

Минатата недела, Focus Features го објави трејлерот за „The Northman“, каде режисерот повторно ќе се соедини со ѕвездите од неговите два претходни филма, Ања Тејлор-Џој од „The Witch“ и Вилем Дефо од „The Lighthouse“.

The Northman/Twitter
The Northman/Twitter

Од „The Northman“ се очекува да биде далеку „погласен“ и поисполнет со акција, за разлика од претходните два карактеристично спори, тивки и интимни филма на Егерс.

Во оваа викингшка приказна за одмазда сместена во Исланд во 10 век, викиншкиот принц Амлет тргнува во одмазда за смртта на неговиот татко, кралот Хорвендил е убиен. Младиот Амлет сведочи дека неговиот татко бил застрелан и егзекутиран од натрапникот Фјолнир и неговата викиншка војска. Амлет се заколнува дека ќе го одмазди својот татко, ќе ја спаси својата мајка кралицата Гудрун, и ќе го убие Фјолнир.

Главната улога на прицот Амлет му припадна на Александар Сказгард, додека пак неговиот татко, ќе го толкува Итан Хоук. Мајката на Амлет ќе ја игра Никол Кидман, а зад ликот на Фјолнир ќе застане Клејс Бенг. Покрај овие имиња, актерската екипа ги вклучува и Бјорк, Мареј МеАртур, Иан Жерард Вајт, Кејт Дики, Ралф Инесон и Хафтор Јулиус Бјорнсон.

Покрај Егерс, автор на сценариото е и Шон (Sjón), исландскиот автор и поет, кој исто така неодамна го напиша сценариото за филмот „The Lamb“. Шон исто така е познат по својата честа соработка со Бјорк. За пејачката пак, улогата во „The Northman“ ќе биде прва откако се појави во „Dancer in the Dark“ на Ларс фон Трир од 2000 година.

The Northman/Twitter
The Northman/Twitter

Во неодамнешно интервју за сајтот Collider, режисерот истакна дека „The Northman“ е поголем од сè што тој претходно направил.

Размерот е толку огромен и има уште толку локации и нешта што не можев сам да ги направам. Тоа беше предизвик со новиот филм. – вели Егерс и додава. – Ги дизајнираме сите овие светови, ги градиме овие села, правиме илјадници костими и реквизити, ги тренираме коњите, ги дизајнираме кадрите за филмовите. Но, во овој филм, ретко кога има сцена која не е се случува на брод.

„The Northman“ е во продукција на New Regency, Ларс Кнудсен и Марк Хафман.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови 396 случаи на ковид, 14 починати

Следно

Пандемијата ја оживеа употребата на вендинг машините во Јапонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian