Годинава што изминува може да се оцени како мошне успешна. Имавме резултати со наднаслов за првпат во историјата – пласманот на фудбалерите на ЕП, пласманот во баражот за СП и првото Олимписко финале во македонскиот спорт што до сега не беше случај, изјави за Утрински брифинг, уредник во Слободен печат, Милорад Стојмановски.
-Ова е потврда дека, ако се вели дека спортот е огледало на вкупното општествено живеење, не мора секогаш да биде така. Тоа е поука за секој од нас да си ја гледа работата, вели Стојмановски.
Тој во разговорот потенцира дека спортските успеси не изостанаа и покрај низата политички и здравствени проблеми со кои се соочуваше земјата во текот на целата оваа година:
-Секој може да се жали на амбиентот, на политичките прилики, на здравствена криза и други проблеми, но ако секој се занимава онака како што знае и умее и го даде својот максимум кон сопствената цел што ја поставил, токму спортот докажа дека може да се покаже нешто, вели Стојмановски.
Целиот разговор погледнете го во видеото: