ВИДЕО | Симоновска-Момироска: „Ајде да читаме без дискриминација“ е нешто револуционерно во нашето издаваштво

1 min read

Зоолошката градина во Скопје ја промовира инклузивната сликовница „Другарите од Зоолошката градина“ на авторката Гордана Симоновска-Момироска. Таа минатата година ја издаде сликовницата „Новогодишна приказна“, која е преведена и на албански јазик, како и сликовницата „Буква по буква азбука“.

Овие книги се преведени и на Брајово писмо, со што се достапни и за децата, но и за возрасните со оштетен вид. Издавач е здружението на граѓани „Свет на различни, а еднакви“, а книгата е дел од иницијативата „Да читаме без дискриминација“. Убавите илустрации се дело на Наско Џорлев.

-„Другарите од Зоолошката градина“ е трета по ред инклузивна сликовница, која е излезена од печот под стапка на правото да читаш не е посебна потреба. Во ЗОО Скопје направивме промоција наречена „Ајде да читаме без дискриминација“. Истиот тој медиум е достапен и за лицата со оштетување на видот и тие што немаат оштетен вид. Затоа е инклузивен. Проектот ги воодушеви сите генерации, изјави за Утрински брифинг, Гордана Симоновска-Момироска, авторка на книгата.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вонредна состојба во Бразил: Поплавите направија хаос во 116 градови

Следно

Дневен хороскоп за 29 декември: Шармот ќе ви помогне да постигнете што сакате

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian