ВИДЕО: „Граѓаните“ предновогодишно најавуваат нова титула во Премиерлигата

1 min read

Во 20. коло се одигра уште еден натпревар во Премиер лигата во кој Манчестер сити ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Брентфорд со 0:1.

Стрелец на единствениот погодок за „граѓаните“ беше Фоден во 16 минута после асистенцијата на Де Брујне.

Играчите на Пеп Гвардиола го искористија ремито на Челси и сега се на „плус осум“ од лондонските „сини“ на табелата.

Во генералниот пласман Сити има 50 бодови, 42 има составот на Томас Тухел, пред третопласираниот Ливерпул (41) кој има меч помалку.

Брентфорд кој пак има два меча помалку е на 14 позиција со 20 бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ќе има и трета сезона „Squid Game“? Режисерот раскажа што ќе се случува во втората сезона

Следно

Гислајн Масквел осудена за помаѓање на Епстајн во трговијата со млади девојки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian