ВИДЕО | Готвиме со Маја: Погача со виршли

3 mins read

Погача со виршли

 

Тесто
– 3 чаши брашно
– 280 мл вода
– 1 лажица шеќер
– 3 лажици маслиново масло
– 3 лажици кисело млеко
– 1 Долчела сув квасец
– 1 лажичка сол
– Подравка сенф
– 2 Перутнина Птуј пакетчиња виршли
– Сусам за посипување

1. Во сад ставете ја водата и киселото млеко и мешајте додавајќи сув квасец, шеќер, сув лук и маслиново масло.
2. Мокрите состојки измешајте ги а потоа додавајте од брашното и замесете меко тесто.
3. Оставете го да стасува 1 час покриено и на топло
4. Кога ќе стаса префрлете го на набрашнета површина и расукајте го тестото тенко околу половина сантиметар.
5. Тестото посолете го и премачкајте со дижон сенф
6. Исечете го тестото на ленти во кои ќе завиткате парче виршла
7. Ролничките од тесто со виршла редете ги во намастена тава во која на средината ќе ставите мала метална здела
8. Ролните редете ги исправени по краевите од тавата се додека не ја исполните целата
9. На крај посипете со сусам
10. Ставете ја во загреана рерна на 200 степени и печете околу 30 минути

готвиме со маја
Фото: Промо

Сос
– 20 г путер
– 1 лажица брашно
– 200 мл млеко
– 200 г чедар
– Допир Вегета Маестро димена пиперка
– Сол и бибер

1. Во тенџере растопете путер, ставете брашно и пропржете го кратко
2. Постепено ставајте топло млеко, малку по малку и постојано мешајте се додека не згусне. Додавајте млеко додека не ја добиете посакуваната густина на бешамел
3. Зачинете по вкус и тргнете го од оган тенџерето
4. На крајот додадете чедар и димената пиперка.

готвиме со маја
Фото: Промо

Јогурт панакота

 

Десерт
– 1 Долчела желатин
– 1 чаша кисело млеко
– 100 г павлака
– 1 лажица екстракт од ванила
– 1,5 чашa слатка павлака
– 1/2 чаша шеќер
– 1 Долчела ванилин шеќер
– 2 лажици Подравка џем од шумско овошје

1. Растопете го шеќерот на оган и кога ќе порумени ставете го киселото млеко а потоа и павлаката и варете додека шеќерот не се раствори убаво
2. Кога комплетно ќе се стопи шеќерот додадете ванилин шеќер, екстракт од ванила и џемот
3. Шеќерот тргнете го од оган и ставете го желатинот приготвен според упатството на кесичката и мешајте додека не се раствори во смесата
4. Топлата смеса префрлете ја во стаклени мали здели од кои потоа лесно ќе можете да ја извадите панакотата
5. Декорирајте со шумско овошје по желба

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Јокиќ со блокада во последните секунди за триумф над моќниот Голден Стејт

Следно

Др.Митов советува како да го освежите организмот по празниците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian