ВИДЕО | Актерката од „Чуварите на плажата“ истепа и испцу патник во авион додека јадел: Ставете маска!

1 min read

Откако беше објавено од многу светски медиуми дека на летот на американската авиокомпанија Delta Air Lines се случил инцидент во кој една патничка нападнала друг патник поради тоа што тој не носел маска додека јадел, сега е откриен и идентитетот на жената.

Се работи за Патриција Корнвел, позната и како Пети Бретон, една од Плејбој зајачиците и една од улогите во „Чуварите на плажата“.
Инцидентот се случил неодамна, а жената наводно го удрила и плукнала постариот патник. На снимката која стана вирална на социјалните мрежи, се гледа како жената бесно му се обраќа на човекот и изговара:

„Стави ја е*аната маска на лицето“ – а таа самата не носи маска за време на инцидентот.

Корнвел подоцна беше уапсена на аеродромот во Атланта, но е пуштена. Не се знае дали е тужена.

„Летот од Тампа за Атланта беше пречекан од полицијата, поради дојавата дека има вознемирен патник во текот на летот. Овие ситуации се навистина ретки за нашите патници, а Delta нема толеранција за непослушно однесување за време на летовите“ – кажа портпаролот на авиокомпанијата.

Дека глумицата е повеќе од проблематична сведочи фактот дека минатиот месец полицијата ја уапси за возење под дејство на алкохол.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор со Благојче Трајкоски: Важиме за хит на полусезоната и тоа не треба да биде изненадување

Следно

Општина Ѓорче Петров ќе добие 2000 метри квадратни зелени површини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian