Уште тројца фудбалери на Барселона позитивни на ковид-19

1 min read

Проблемите со коронавирусот продолжуваат, денеска шпанскиот фудбалски клуб Барселона објавија дека уште тројца нивни играчи се позитивни, тие се Усман Дембеле, Самуел Умтити и Гави.

– Усман Дембеле, Умтити и Гави добија позитивни резултати на ПЦР тестирањето на ковид-19. Играчите се чувствуваат добро и се изолирани во своите домови. Клубот ги извести надлежните институци – се наведува во соопштението.

Следниот натпревар Барселона треба да го одигра в недела против Мајорка, а тренерот на екипата Чави ќе биде во проблеми кога е во прашање составот на тимот, бидејќи бројот на играчи во изолација се искачи на седум.

Претходно беше објавено дека се заразени Жорди Алба, Клемон Ленгле, Дани Алвеш и Алехандро Балде.

Во шпанската „Ла Лига“ Барселона се наоѓа на седмото место со 28 бодови после 18 одиграни кола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мијалков сепак излегува од притвор, уште вечерва треба да биде дома

Следно

Угостителските објекти во Грција од утре без музика и со ограничено работно време

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian