Столе Додевски е прогласен за најдобар полицаец во општина Гази Баба

1 min read

Столе Додевски е прогласен за најдобар полицаец за 2021 година. Веста ја соопшти градоначалникот Бобан Стефковски на својата фејсбук страна. 

Денес во просториите на општина Гази Баба остварив средба со полицискиот службеник од полициската станица од општа надлежност Гази Баба Столе Додевски, кој по спроведена постапка е избран за најдобар полицаец за 2021 година, напиша Стефковски на фејсбук.

На полицискиот службеник ќе му биде исплатена еднократна награда за успешната работа во 2021 година. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Како да ја дочекате Новата година дома во време на пандемија? Идеи како да се забавувате во најлудата ноќ

Следно

Русија и Белорусија планираат да одржат заеднички воени вежби во почетокот на идната година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian