Собранието на Косово прогласи вонредна енергетска состојба

1 min read

Собранието на Косово со 57 гласа „за” и 17 воздржани прогласи вонредна енергетска состојба, со што ќе се олесни на Владата да донесе вонредни мерки за ограничување на снабдувањето со енергија.

Со оваа одлука, ограничувањата за снабдување со електрична енергија стануваат законски.

Вонредните мерки ќе важат најмногу 60 дена, но Собранието може да ги продолжи за уште 30.

Тие вклучуваат наметнување ограничувања за снабдување со енергија на потрошувачите и наметнување посебни обврски за енергетските компании, пренесува КоССЕв.

Одлуката предвидува формирање на Итна техничка комисија за утврдување и поднесување препораки до министерот за економија. Оваа Комисија има задача да препорача спроведување на мерки за справување со негативните ефекти врз економијата. По препораките, Министерството треба да објави задолжителни рестриктивни мерки.

Ваквата одлука власта ја оправда со кризата што ја зафати државата, а опозицијата ја обвини власта дека доцни и ги изневерува очекувањата за справување со енергетската криза.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ИНТЕРВЈУ Натали Трангалова: Во спортското качување треба дисциплина, упорност и напорен тренинг

Следно

Морничави пророштва на Нострадамус за 2022 година – глад, војни, инфлација…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian