Со рекордни средства за субвенции за инвертер клими Град Скопје „ќе се бори“ против загадувањето

1 min read

И оваа зимска сезона Скопје не остана „одминато“ од стариот, болен проблем – аерозагадувањето. 

Цели четири дена скопјани дишеа отровни ПМ10 честички, а според мерењата на надлежните најазагадени беа Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорат. 

Веќе втор ден Град Скопје воведе бесплатен јавен превоз, мерка која ќе важи се до намалување на загадувањето, но дел од скопјани реагираат дека, иако е бесплатен јавниот превоз, сепак, граѓаните одлучуваат да ги користат своите автомобили за потребите. 

Освен ова, од Град Скопје најавија и помош за набавка на инвертер клими, со цел да се намали загадувањето од домаќинствата кои се греат на дрва. 

Вчера Град Скопје, соопшти дека издвојува рекордни 24 милиони денари од буџетот за 2022-ра година за субвенции за купување инвертер клима уреди. Ова е најголема сума на средства кои биле издвоени во изминатите години, велат од Град Скопје.  

Одлуката која оди во прилог на намалувањето на загадувањето на воздухот на долг рок, сепак, наиде на критики кај владејчката СДСМ. 

„За шест пати се намалени субвенциите за инвертори кон скопјани за следната година, односно на само 24 милиони денари. Мерката за субвенционирањето на набавка на инвертори досега беше искористена од околу 5.000 домаќинства во Скопје, а тоа се 5.000 помалку оџаци кои го загадуваат воздухот. Ваквиот пристап на Арсовска не може да обезбеди решение против аерозагадувањето“, се истакнува во писмената реакција од СДСМ. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

СЗО: Опасноста од омикрон е сè уште „многу голема“

Следно

Полицијата упадна во просториите на главниот опозициски медиум во Хонг Конг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian