Се формира цивилна армија: Како Украина се подготвува за војна со Русија

5 mins read

Во услови на зголемени тензии и бројни извештаи за концетрација на руски војници во пограничната област, Украина одлучи да ја дочека подготвена можната инвазија, за која се зборува веќе подолго време, а која се очекува да се случи до крајот на јануари следната година.

Воени вежби на украинската армија кои симулираат борба се вежбаат со денови во боровата шума недалеку од главниот град на Украина.

украинска армија EPA/IVAN BOBERSKYY

Илјадници украински цивили се пријавија да учат борбени и воени вештини во програмите за обука создадени и водени од владините сили и приватните паравоени групи. Програмите се дел од стратешкиот одбранбен план на земјата во случај на потенцијална руска инвазија – да се поттикне граѓанскиот отпор кој би можел да продолжи да се бори доколку украинската армија биде целосно поразена.

Засега нема индиции дека рускиот претседател Владимир Путин одлучил дали ќе изврши воен напад врз Украина. Сепак, Украина се раководи од примерот на војните на Соединетите Држави во Ирак и Авганистан кога герилците пружија траен отпор на исклучително супериорната американска армија и незјината борбена надмоќ.

EPA-EFE/

„Имаме силна армија, но не доволно силна за да се одбраниме од Русија“, изјави за западните медиуми Марта Јузкив, докторка за клиничко истражување, која аплицираше за обука во украинската цивилна одбрана . „Ако сме окупирани, а се надевам дека тоа нема да се случи, ќе почнеме со герилски отпор“, рече таа.

Цивилната одбрана не е непозната во Украина – доброволните бригади го формираа столбот на силите на земјата на исток во 2014 година, првата година од војната против руските сепаратисти, кога украинската армија беше во хаотична состојба

украинска армија EPA-EFE/PHILIPP 

Сега цивилната одбрана се формализира во единици на новоформираните сили за територијална одбрана кои се дел од војската. Украинската армија минатата година започна со викенд обука за цивилни доброволци во овие единици.

Владата спроведува и плаќа за дел од обуката преку силите за територијална одбрана, а приватните паравоени групи како што е Украинската легија спроведуваат друг вид воена обука , за кои нивните членови ги плаќаат сите трошоци.

украинска армија EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Целта не е да се постигне победа против руската армија, што и онака практично би било невозможно за Украина, туку да се формира отпор кон окупаторската сила.

, Заменик командантот на копнените сили на Украина генерал Анатолиј Бархилевич, изјави дека земјата има за цел да испрати околу 100.000 доброволци во случај на конфликт, додека портпаролот на украинските одбранбени сили информираше дека не може да открие колку луѓе официјално се пријавиле за програмите за обука.

Анкетите на јавното мислење сугерираат одредена поддршка за овој напор. Анкетата спроведена оваа есен покажа дека 24 отсто од Украинците велат дека ќе се спротивстават „со оружје во рака“ доколку Русија изврши инвазија. Кај мажите, 39 отсто рекле дека ќе се спротивстават со оружје.

Украинските команданти велат дека половина милион Украинци имаат воено искуство и се надеваат дека многумина ќе се вклучат во борбата, дури и оние кои припаѓаат на приватни групи како што е Украинската легија.

украинска армија EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Но, скептиците велат дека тоа е делумно невозможно и дека украинската команда тешко може да се надева дека воените ветерани би станале герилци
Тоа не ги спречи воените команданти да се обидат,да организираат воена вежба во која наставниците, сметководителите, келнерките и програмерите се подготвуваат за можеби првото воено искуство.

Критичарите укажуваат на опасностите во планот за цивилна одбрана, а една од грижите е дека внатрешно-политичките поделби може да предизвикаат насилство од вооружените милиции. Некои сценарија предвидуваат дека Москва би можела да ја искористи оваа ранливост, претворајќи ги националистичките милиции во дестабилизирачка закана за Украина.

Украина протести EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Дел од украинските функционери се загрижени дека напорите поттикнуваат приватна сопственост на оружје, што носи ризици од криминал, самоубиства и семејно насилство. Украинскиот закон бара психолошки преглед за да се добие дозвола за носење и поседување оружје. Според Киев, во земјата со околу 40 милиони жители, 1,3 милиони Украинци поседуваат лиценцирано цивилно огнено оружје.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Костовски: 13 милиони денари инвестирани во образованието во Бутел за само два месеца

Следно

Нови 396 случаи на ковид, 14 починати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian