Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин одлучи да го остави носачот на авиони во Средоземното Море, кој требаше да замине на мисија во Персискиот залив, со цел да ги „смири“ Европејците поради тензиите со Русија, соопшти денеска Пентагон.

„Секретарот за одбрана му нареди на на УСС, Хари С. Труман, да остане во Европската командна оперативна зона (Еуком), наместо да се упати кон оперативната зона на централната команда (Центком), како што беше планирано“, соопшти Пентагон за агенцијата АФП.

Потреба од постојано присуство во Европа
Не спомнувајќи ги тензиите околу Украина, која, заедно со западните сојузници, ја обвинува Москва дека собира десетици илјади војници на нејзината граница за можна инвазија, американскиот секретар за одбрана рече дека промената на рутата „ е поради потребата од постојано присуство на морнарицата на САД во Европа“.
Неопходно е да ја потврдиме нашата посветеност на нашата заедничка одбрана пред нашите сојузници и партнери“, додаде американскиот секретар за одбрана

УСС Хари Труман и неговата десантна група впловија во водите на Медитеранот на 14 декември, со намера да стигнат до Персискиот залив преку Суецкиот канал.
Русија и САД се договорија да одржат разговори за Украина и европската безбедност на 10 јануари, по што ќе следи состанок НАТО-Русија два дена подоцна и рунда разговори во рамките на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).