Еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо доби златна статуа во индиската држава Гоа, но имаше голем број поплаки меѓу локалното население кои тврдат дека тоа е навредливо за оние кои настрадаа за време на претходната колонизација на индиската држава од страна на Португалија.
Статуата на Роналдо, според властите, требало да ги „инспирира“ младите луѓе во регионот, но наместо тоа предизвикала бројни реакции.
Некои локални жители велат дека гестот повторно ги отворил старите рани во време кога се одбележува 60-годишнината од ослободувањето на Индија од португалските колонизатори.
Изградбата на статуата чинела 16.000 долари, а критичарите за златната статуа на Роналдо велат дека наместо тоа требало да ги слави индиските спортисти и дека нејзиното поставување е несовесно, со оглед на тоа што пристигнало за време на годишнината од прекинот на односите на Гоа со Португалија.
Поради статуата на Роналдо локалното население вееше црни знамиња во знак на протест, пишува „Тајмс оф Индија“.
Cristiano Ronaldo’s statue installed in the state of Goa, India. 👏 pic.twitter.com/8g87k9oiXe
— The CR7 Timeline. (@TimelineCR7) December 29, 2021
Velingkar is a Messi Fan! ✌️ #RonaldoStatue 🍿 pic.twitter.com/XuLS7Oeprd
— देवन परब 🇮🇳 (@Devanparab) December 28, 2021