Рашковски вели дека спорниот скап автомобил бил „крш“, ДКСК – дека ќе одлучи Обвинителството

2 mins read

Семејството на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, денеска испрати писмо во кое реагира на пишувањата на медиумите по предметот кој Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го отвори за наводно незаконско постапување.

Според ДКСК, Рашковски и покрај укажувањата од Министерството за транспорт и врски, очигледно тенденциозно, доставувал информација до Владата за градење од страна на гостиварска фирма објекти што се сопственост на државата, која за десеткратно помала цена продала возило на Игор Христов, а тој потоа го подарил на сопругата на Рашковски.

Семејството ја прашува Антикорупциска која е компанијата од која е добиен на подарок автомобил и бара таа јавно да го достави договорот за подарок, кој според нив не постои.

„Јавно да ја објавите процената на автомобилот за кој велите дека има вредност од 50.000 евра, како сте дошле до неа и дали некогаш сте го виделе автомобилот?“, прашува семејството Рашковски.

Тие доставија и фотографии од автомобилот „Доџ Вајпер“ за кој нема велат дека нема никаква потврда оти станува збор за вистинскиот автомобил кој бил предмет за купопродажба.

ДКСК, пак, одговори дека ги спроведува своите надлежности врз основа на прибирани податоци, информации и документи од надлежни институции, без намера “замајување на јавноста“ или “ намера да и се наштети на нечија личност“.

„Според член 17 став 5 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ДКСК има надлежност да покренува иницијатива пред JO, за поведување постапка за кривично гонење за предметите во кои постои сомневање за можни злоупотреби. Поради тајноста на постапката во конкретниот случај, ДКСК не е во можност да ги објави бараните информации, a целокупната документација ке ја достави до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, која е надлежна мериторно да одлучи“, се вели во соопштението од ДКСК.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СЗО: Омикрон и делта создаваат „цунами од случаи“ на новозаразени

Следно

Артета нема да го води Арсенал против Манчестер сити

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian