Поради поранешната сопруга, Австралијанец не смее да го напушти Израел до 9999 година

3 mins read

 

Ноам Хаперт, 44-годишен австралиски хемичар, не смее да го напушти Израел уште 8.000 години – или додека не и плати на поранешната сопруга долг од над три милиони долари за неплатена алиментација, пренесува news.com.au. .

Неговата поранешна сопруга, Израелка, се вратила во својата земја во 2011 година со нивните две деца. Една година потоа тој ѝ се придружил , а израелскиот суд му одредил забрана за патување во 2013 година, откако неговата тогашна сопруга поднела барање за развод.

„Јас сум заробен во Израел од 2013 година“, изјави Хаперт за news.com.au, нагласувајќи дека осум години не можел да ја напушти земјата ниту за работа ниту пак за одмор.

Тој вели дека е само еден од илјадниците странски државјани кои на сличен начин биле „прогонувани од израелското правосудство „само затоа што биле во брак со Израелки“ и дека сега јавно ги објавува овие информации со надеж дека ќе им помогне на другите.

Британската независна новинарка Маријана Азизи, која со години се обидува да го изнесе впо јавноста ов ој преседан на израелските судови шпекулира дека стотици Австралијци се наоѓаат во иста ситуација, и дека точната бројка е „речиси невозможно да се утврди“.
Според неа британската амбасада, Израел добивала 1000 барањз месечно за за информации.

Стејт департментот на САД вклучува предупредување до странските посетители во Израел дека израелските граѓански и верски судови „активно ги користат своите овластувања за да забранат одредени поединци, вклучително и странски државјани, да ја напуштат земјата додека не се решат долговите или другите правни барања и евентуални обвинувања подигнати против нив“.

„Израелските верски судови имаат јурисдикција над сите граѓани и жители на Израел во случаи на брак, развод, старателство над деца и издршка на дете“, ги предупредија САД своите граѓани.

Според „Гардијан“, сè уште не е целосно јасно дали Хуперт веќе платил дел од долгот или ќе мора однапред да ја плати целата сума за да ја напушти земјата – износот добиен со наплата од речиси 1.500 евра по дете за секој месец од нивното раѓање до полнолетство.

Што се однесува до одлуката да му се забрани патување до 9999 година, Гардијан објаснува дека „изгледа дека 9999 година е произволно избрана бидејќи тоа бил највисокиот можен датум што го дозволувал дигиталниот систем“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Град Скопје: Надворешната изградба на Универзална сала ќе се заврши, за внатрешната реконструкција претходната градска власт нема ниту проект

Следно

Ковачевски: Ќе ја вратиме довербата во политиката и во институциите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian