Повеќе од 200 припадници на полицијата во Хонг Конг денеска упаднаа во канцелариите на онлајн опозицискиот медиум Stand News и уапсија шест лица, и од редакцијата и од администрацијата, под сомнение дека објавувале „бунтовнички содржини и публикации“.
Stand News е основана во 2014 година како непрофитна организација и е најистакнатиот преостанат опозициски медиум во Хонг Конг, откако култниот таблоид Apple Daily беше затворен за време на истрагата за националната безбедност на почетокот на оваа година, а сопственикот, Џими Лаи, беше одведен во затвор, пренесува Ројтерс.

Последниот упад на кинеската полиција предизвикува загриженост за медиумските слободи во поранешната британска колонија, која се врати под кинеско владеење во 1997 година, со ветувањето на Пекинг дека ќе заштити широк спектар на индивидуални права.
Полицијата во соопштението објави дека постапила по наредба со која се овластуваат да „пребараат и одземат релевантни новинарски материјали“.
„Во акцијата се ангажирани повеќе од 200 полицајци во униформа и цивилна облека“, се вели во соопштението.
And last Facebook post pic.twitter.com/JhexXa0ibE
— Galileo Cheng (@galileocheng) December 29, 2021