Пандемијата ја оживеа употребата на вендинг машините во Јапонија

3 mins read

По краток пад во употребата, во главно поради пандемијата, малите картонски кутии кои даваат секакви добра повторно стануваат популарни во Јапонија. Во нив има огромен избор на производи, од совршено зготвени бургери и традиционални јапонски специјалитети, до уреди кои луѓето ги користат во секојдневието.

При правењето на ваквата трансакција не е потребна никаква човечка интеракција. Британксите новинари од „Гардијан“ ги пофалија јапонски автомати, велејќи дека од нив ги имале едни од највкусните ручеци во Сагамихара, негламурозен град во близина на Токио.

Носталгијата на Јапонците го зачува духот на 90-те, кога започна употребата на автоматите на џидо ханбаики. По децении постојан пад на нивниот број на национално ниво, пандемијата на коронавирусот предизвика оживување на автоматите во Јапонија, бидејќи трговците на мало одбираат полесен начин на исхрана и слично, користејќи ја оваа технологија, во која избегнуваат секаков контакт со луѓето, заштитувајќи се од ковид.

Како што секојдневно доаѓа време за ручек, различни групи на луѓе, како возачите на камиони им се придружуваат на младите парови и љубопитните туристи додека чекаат во редиците пред машините и во најголемите студови кои овој период ги зафаќаат јапонските градови.

Голем избор на производи

Тие се преплавени со избор. Машините чија содржина е беспрекорно свежа, нудат различни оброци, почнувајќи со тестенини до кари и ориз, со сладолед за десерт и шолја топол чај од мача за крај.

И покрај падот во популарноста, практично е невозможно да се оди по улица во кој било јапонски град и да не се примети светлината што емитира од автоматите.

Според Јапонската асоцијација на производители на системи за вендинг, овој број достигна 5,6 милиони во 2000 година, или по една машина на секои 23 луѓе. Тоа падна на нешто повеќе од 4 милиони до минатата година, но земјата сè уште има најголем број вендинг машини по глава на жител во светот.

Кенмин Фудс е една од сè поголемиот број фирми кои се свртуваат кон бесконтактна служба за корисници за да ја надоместат продажбата изгубена за време на пандемијата. Производителот на тестенини од ориз во септември инсталирал автомат пред своето седиште во Кобе и заработил 23 милиони јени (153.000 фунти), три пати повеќе од неговата првична цел. Во меѓувреме, еден продавач на морска храна во Хокаидо започна да продава филети со свеж лосос и скуша во вакви вендинг машини, откако многу негови редовни клиенти поради пандемијата повеќе не доаѓаа да купуваат риба.

Компанијата Марујама Сеимен сега ги продава своите замрзнати тестенини и кнедли преку автомати на 30 локации и планира да ги зголеми на 100 до април 2023 година. Кога во Јапонија беше врвот на пандемијата, машините беа релативно празни, додека традиционалната продажба опадна за една петтина.

„Погодноста на автоматите се преоценува поради пандемијата“, изјави професорот Хидехико Нишикава, маркетинг експерт од Универзитетот Хосеи. „Напорите да се зголеми додадената вредност, како што е давање поени преку апликации за автомати, се важни за да се привлечат клиентите“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Викингшкиот трилер на Роберт Егерс пристигнува во април следната година

Следно

Ковачевски го доби мандатот за формирање влада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian