Општина Ѓорче Петров ги искористи поволните климатски услови во изминатите денови за ревитализација и подигање на над 2000 м2 зелени површини комплетно опремени со ситеми за наводнување со прскалки и нови системи капка по капка за дрворедите.
Со акцијата се опфатени локации покрај ул.Васил Чакаларов во УЗ Хром, ул. Македонска Војска во УЗ Ѓорче Петров и покрај ул. Лука Геров во населбата Даме Груев.
-И во наредната година ќе продолжиме интензивно да работиме на подигнување на нови зелени површини и да се грижиме за јавните површини, порача првиот човек на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Извор: skopjeinfo.mk