Нови 396 случаи на ковид, 14 починати

1 min read

Денес се регистрирани 396 нови лабораториски позитивни случаи на ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 224.134 – Оздравени се 207 пациенти – пријавени се 14 починати лица во изминативе 24 часа.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.858 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 196, Битола – 31, Прилеп – 23, Гевгелија – 17, Охрид – 16, Кавадарци – 14, Куманово – 13, Струмица – 10, Ресен – 9, Велес – 8, Штип и Кочани – по 7, Берово и Валандово – по 6, Неготино – 5, Тетово, Кичево и Струга – по 4, Богданци и Македонски Брод – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш и Крушево – по 2, Делчево и Дебар –– по 1.

Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од: Скопје – 116, Битола – 14, Кавадарци – 13, Прилеп и Охрид – по 9, Крива Паланка -7, Куманово и Штип – по 4, Струмица, Кочани, Гевгелија, Ресен и Радовиш – по 3, Тетово, Велес, Кичево, Струга и Демир Хисар – по 2, Неготино, Виница, Пробиштип, Валандово, Богданци и Крушево – по еден.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 5 починати лица од Скопје (68г, 72г, 74г, 89г и 94г), две починати лица од Прилеп (53г и 64г) и по едно починато лице од Охрид (87г), Куманово (81г), Свети Николе (71г),Битола (51г), Велес (83г), Струмица (61) и Берово (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се формира цивилна армија: Како Украина се подготвува за војна со Русија

Следно

Викингшкиот трилер на Роберт Егерс пристигнува во април следната година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian