МРТВ ќе ги пренесува натпреварите на Македонија на Европското првенство 2022

1 min read

Како што информираше главниот уредник на спортската редакција на МТВ, Драган Николовски, македонската телевизија успеа да ги обезбеди правата и воедно објави во кои термини ќе се пренесуваат натпреварите.

– ЕХФ ЕВРО 2022 – на МАКЕДОНСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА. Директни преноси во термините од 18.00 и од 20.30 часот во групната фаза, а потоа и од 15.30, од 18.00 и од 20.30 во главната рунда.

Специјални студиски емисии со еминентни гости и стручни анализи пред натпреварите на Македонија, како и пред полуфиналето и финалето – пренесува Николовски, СПОРТ НА МТВ.

Како што е веќе познато, од 13 до 30 јануари ќе се одржи ЕП во две земји, Унгарија и Словачка. Нашата селекција предводена од селекторот Кирил Лазаров веќе се подготвува за настапит на континенталниот собир.

„Црвено-жолтите“ ќе играат во унгарскиот град Дебрецен, ривали во рамките од групата „А“ ни се Данска, Словенија и Црна Гора.

На 13 јануари од 18.00 часот ќе играме во првото коло против Словенците, два дена подоцна во истиот термин се соочуваме со Црногорците, а на 17 јануари противници ни се Данцитe, актуелните светски шампиони, со почеток од 20.30 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковачевски: Ќе ја вратиме довербата во политиката и во институциите

Следно

Ердоган преку реформите во економијата се подготвува за предвремени избори, сметаат аналитичарите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian