Мијалков сепак излегува од притвор, уште вечерва треба да биде дома

2 mins read

Сашо Мијалков сепак излегува од притвор. Апелација ја уважи е неговата жалба, откако Кривичниот суд му одреди мерка притвор за предметот „Плацови на Водно“, објави „А1он“.

Затворот во Шутка треба да ја добие одлуката, по што веќе вечерва Мијалков треба да биде дома. Одлуката на судиите значи дека тие сметаат дека Мијалков нема да избега ако биде на слобода.

Инаку, Вишото јавно обвинителство доставило предлог да се одбие жалбата на Мијалков за определениот притвор за „Плацови на Водно“. Нему и натаму му е активна и одлуката да се ослободи од притвор со хипотека на имот вреден 11.106.501 евра.

„Вишото јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд денеска достави предлог да се одбие Жалбата на обвинетиот Мијалков за определениот притвор во предметот Плацови на Водно“, велат оттаму за „А1он“.

Судиите од апелација во јуни му ја одбија на Мијалков гаранцијата која се состоеше скоро од истиот имот и тежеше 10.871.170 евра.

Ако тогаш во образложението на решението е наведено дека постои реална опасност Мијалков да избега доколку се брани од слобода, со посочување дека еднаш не бил достапен 24 часа за да биде спроведен на издржување мерка притвор, сега овој аргумент на тројцата судии исто така го нема. Во решението донесено пред два дена стои дека тој има потесно семејство во кое е родител, дека е познат и со утврден идентитет, како и дека се цени тежината на делото.

Разликата помеѓу двете одлуки е и тоа што овојпат, истите судии, за разлика од претходно, не го зеле предвид фактот дека Мијалков има две неправосилни осудителни пресуди за предметите „Таргет-тврдина“ и „Трезор“, со вкупно 20-годишна затворска казна. Не се цени ниту дека против него се водат и други кривични предмети.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Национален и европски рекорд со новозаразени со ковид-19 за 24 часа во Франција

Следно

Уште тројца фудбалери на Барселона позитивни на ковид-19

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian