Маричиќ: Би презел било која должност која би ми ја понудил новиот мандатар Ковачевски

2 mins read

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска од претседателот Стево Пендаровски ќе го добие мандатор за состав на новата влада. Министерот за правда Бојан Маричиќ можно е да добие функција во новата влада на мандатарот Ковачевски, без разлика дали е во ресорот правда или во надворешната политика.

-Ковачевски денеска ќе го добие мандатот за состав на новата влада. Јас сум на располагање и сум подготвен. Би презел било која должност која би ми ја понудил новиот мандатар, рече Маричиќ во студиото на Утрински брифинг.

Тој се осврна и на седницата на ЦО на СДСМ каде се слушнале и критики на сметка на раководството на партијата.

-Седницата траеше долго, имаше многу содржинска дискусија. Сите во СДСМ имаат капацитет и сите сме имале квалитетни дискусии и сум учествувал во нив. Има извесно освежување во раководството, мешавина на нови луѓе кои дотогаш не биле во тие води и оние што претходно биле на раководни функции во партијата. Ковачевски покажа умешност да ги спои различните луѓе, шареноликоста на СДСМ да ја спои во овој врв. Јас сум оптимист сум и убеден сум дека Ковачевски ќе има успех зотоа што начинот на кој ги повикува луѓето, начинот на кој комуницира со нив и агендата или програмата околу која се обединува не е персонализирана, туку повеќе е програмска и се темели на програмите и задачите и проблемите кои треба да ги решиме, рече Маричиќ.

Во однос на проценката дека владата на Ковачевски нема да опстои ниту шест месеци и дека наредната година ќе има предвремени избори, тој рече:

-Владата на Заев од првата во 2017 никогаш не добила 100 дена, а камоли 6 месеци. Сега сме уште во пандемија, во економска и енергетска криза и во проблем со Бугарија, откочување на нашите евроинтеграции, но мислам дека овој обновен тим на полувремето од овој мандат може да направи многу, рече Маричиќ додавајќи на крајот од раговорот дека не е ничиј пион во политиката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

САД го менуваат планот, носачот на авиони „Труман“ останува во Европа

Следно

Разговор со Благојче Трајкоски: Важиме за хит на полусезоната и тоа не треба да биде изненадување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian