Средните дневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот во текот на вчерашниот ден беа под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар на мерните места.
Најзагрозени беа Скопје – Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорати, како и Струмица, покажуваат податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот (ДАМСКВ).
По два дена алармантно високо ниво на концентрации на ПМ10 честички на овие пет мерни места, тоа падна под дефинираниот праг на алармирање, информира Министерството за животна средина и просторно планирање.
Извор: МИА