Колку, всушност, е старо вашето тело? Овој едноминутен тест ќе ви ги открие вистинските години

2 mins read

Ако некогаш сте почувствувале дека зглобовите ви се крути и слабо подвижни, а не сте поминале 40-та година од животот, или без посебна причина чувствувате замор или се будите со болки во целото тело, а не сте спиеле „незгодно“, голема е веројатноста дека состојбата на телото на одговара на вашите вистински години.

Како да дознаете колку сте, всушност, стари?

Одвојте една минута од вашето време и направете едноставен тест кој ќе ви ја открие вистинската слика на организмот.
Тестот е едноставна физичка вежба, а пред да се фатите за работа малку загрејте се, бидејќи во спротивно нема да имате вистинска слика. Застанете во исправена положба со споени нозе и полека виткајте се обидувајќи се со дланките да го дофатите подот. Важно е грбот и нозете да се прави. Во еден момент ќе забележите дека не можете повеќе да се витката, дека ве боли грбот или ви се тресат колената. Тука запрете и запамтете ја точката до која дојдовте, на која оддалеченост од подот се вашите раце. Исправете се.

Оваа точка на оддалеченост на рацете од подот ја открива староста на вашето тело.

Имате 20-25 години…

… ако можете дланките да ги положите на подот додека нозете и грбот ви се исправени, а мускулите опуштени.

Имате 25-38 години…

… ако со врвовите на прстите го допирате подот, колената се благо свиткани, а мускулите опуштени.

Имате 38-50 години…

… ако со прстите го допирате горниот дел од стапалата, а колената се благо свиткани, а мускулите напнати. Исклучително ви е непријатно во оваа положба.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Стојмановски: 2021 година во спортот може да се оцени како мошне успешна

Следно

Во скопската ЗОО се роди ново бебенце- редок вид белорак гибон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian