И јас да имам милиони, веројатно би била сега некаде на јахта, или барем на пуста плажа со коктел во рака…
Но, ете, не сум Џеф Безос.
Основачот на компанијата Амазон, Џеф Безос, и неговата девојка, новинарката Лорен Санчез, деновиве уживаат на одмор на јахта во Св Бартс, а притоа не се воздржуваат од разменување нежности.

Безос конечно „дојде на себе“ и гордо ги покажува своите мускули. Изгледа повеќемесечната работа во фитнес центрите, му се исплати. А и девојка му ја користи секоја прилика да ја покаже својата атрактивна фигура.
Обајцата уживаа во друштво со пријателите, а во секој миг беа заедно. Дури и во мигот кога требало да се тушираат, тие се еден крај друг и се бакнуваат.

Безос е вториот најбогат човек на светот, веднаш по Илон Маск, а во последно време негува здрав начин на живот и спие по 8 часа дневно, се храни здраво и вежба. Неговото богатство се проценува на 210 милијарди долари.
Извор: www.slobodenpecat.mk