Двајца скопјани фатени на дело, краделе гориво од фирма

1 min read

На 28.12.2021 во 16.10 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба во кругот на РЖ Товарна – Трубарево, ги затекнале Б.К.(58) и Н.А.(46), двајцата од Скопје, при вршење на кривично дело „тешка кражба“. Двајцата краделе гориво од вагоните, при што имале украдено околу 300 литри гориво.

Тие биле лишени од слобода, а украденото гориво било вратено на оштетеното правно лице. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.
 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Закерберг купил земјиште на Хаваи за 17 милиони долари

Следно

САД: Ајова има потреба од медицински сестри, ќе ги плаќа по 330 долари на час

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian