Потпретседателот на СДСМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, во вечерашното гостување во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 рече дека од почетокот на мандатите на градоначалниците од страна на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните можеле да насетат дека направиле грешка.
Тој порача дека грешките на избори „се носат четири години“.
„За жал, верувам дека граѓаните ќе се уверат во тоа и во наредниот период, меѓутоа веќе ќе биде касно, знаете, ретко се случуваат предвремени локални избори, само во „недајбоже“-случаи, така да грешка на локални избори се носи четири години. Меѓутоа, верувам дека граѓаните ќе ја исправат таа грешка, ќе им помогнеме и ние, со нашето работење, дека згрешиле и повторно да ни ја дадат на нас довербата, на редовните парламентарни избори“, рече Богоев.