Бајден и Путин утре телефонски ќе разговараат

1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин ќе разговараат телефонски утре на „различни теми“, соопшти денеска Белата куќа.

Соопштението е во момент на подготовки за американско-руски безбедносни разговори следниот месец.

– Лидерите на САД и Русија ќе разговараат за низа теми, вклучително и претстојните дипломатски ангажмани со Русија, изјави Емили Хорн, портпаролка на Советот за национална безбедност на САД.

Во исто време, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди дека утре навечер ќе биде остварен телефонски разговор меѓу Бајден и Путин.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Јас не можам без својот тим“, напиша градоначалникот на Ѓорче и додели награда на истакнат работник во општината

Следно

ФОТО: Хрватот Кудуз не е повеќе играч на Вардар 1961

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian