Артета нема да го води Арсенал против Манчестер сити

1 min read

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е позитивен на коронавирус и нема да го води својот клуб во натпреварот од Премиер лигата на домашен терен против водечкиот Манчестер сити в сабота, зад кој четвртопласираните „топџии“ заостануваат 12 бода.

Ова е вторпат шпанскиот тренер да биде позитивен на ковид-19, прв пат тоа му се случи во март минатата година.

Веднаш потоа следуваше прекин на премиерлигашкото натпреварување кое траеше повеќе од три месеци.

Тој, исто така, му се придружи на Патрик Виера од Кристал Палас и тренерот на Астон Вила, Стивен Џерард, на списокот на тренери од ковид-19 неодамна.

Во последната недела се забележани 103 позитивни случаи кај играчите и стручните штабови во Премиер лигата, што доведе до одложување на голем број натпревари во празничниот распоред.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рашковски вели дека спорниот скап автомобил бил „крш“, ДКСК – дека ќе одлучи Обвинителството

Следно

Нов земјотрес во близина на Крит со интензитет од 5,3 степени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian