АМС: Освојувачот на олимписко сребро Георгиевски е спортист на 2021 година

1 min read

Вечерва во организација на Агенцијата за млади и спорт беа прогласени најдобрите спортисти за 2021 година.

Признанието „Најдобар македонски спортист за 2021 година“ го доби Дејан Георгиевски, освојувачот на сребрениот медал во таеквондо на Летните олимписки игри во Токио, Јапонија.

Во женска конкуренција наградата заврши во рацете на Мери Акиевска која се закити со четири златни медали на Светското првенство во фитнес и боди билдинг во Санта Сузана, Шпанија.

Андреј Стојаноски во пливање е прогласен за најуспешен спортист со инвалидитет. Потоа, каратистот Столе Смилковски е најуспешен млад спортист за 2021, а најдобра млада спортистка е Ива Младеновска во ракомет.

За најдобар тренер наградата ја освои Борче Костовски, еден од тренерите на теквондистот Георгиевски.

најуспешни спортисти
Прогласување на најдобрите спортисти за 2021
/Фото: МИА

За најуспешен машки национален тим за 2021 година е Фудбалската национална репрезентација, додека од женските национални тимови тоа е кадетската ракометна репрезентација.

Најуспешна национална спортска федерација е Македонската Таеквондо федерација, за најуспешен училишен спортски клуб во основно образование е „Кире Гаврилоски – Јане“ од Прилеп, додека во средното образование најуспешен спортски клуб е „Свети Наум Охридски – 2018“ од Скопје.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пановски: Имаме неверојатен процент на смртни случаи од ковид-19

Следно

Ќе има и трета сезона „Squid Game“? Режисерот раскажа што ќе се случува во втората сезона

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian