СЗО: Нема да ја исполниме глобалната цел од 40% вакцинирани во секоја земја

1 min read

Светската здравствена организација (СЗО) нема да ја исполни својата цел да вакцинира 40 отсто од населението во секоја земја до крајот на годината, а недостатоците во Африка се особено сериозни, од кои голем дел se прeпишува на акумулацијата на вакцини меѓу богатите земји.

Од 194 земји-членки на СЗО, приближно половина нема да ја исполнат целта. Ниту 10 отсто од населението не е вакцинирано во околу 40 земји.

Досега се употребени повеќе од 8,6 милијарди дози вакцини во светот, но најмногу во побогатите земји кои можат да си обезбедат свои договори со производителите на вакцини. Десетици земји зависат од залихите на COVAX, програма за дистрибуција на вакцини поддржана од ОН, дизајнирана да доставува вакцини во посиромашните земји.

Просперитетните земји беа критикувани дека не прават доволно за да ја поддржат глобалната правична дистрибуција на вакцини преку COVAX. Сепак, испораките на вакцини преку таа шема се зголемија во последните недели. До последната недела од декември, COVAX испорача 722 милиони дози.

Податоците даваат катастрофална слика. СЗО вели дека околу 171 доза вакцина на 100 жители биле администрирани во Германија, нешто помалку од 2,7 во Мадагаскар и 0,32 во Демократска Република Конго. Во повеќето африкански земји, оваа бројка во најдобар случај е двоцифрена.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

13 намирници кои можат да придонесат за превенција од малигни заболувања

Следно

Градежна инспекција на Општина Центар изврши увид на улицата „Питу Гули“ на Водно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian