Русија го возвраќа ударот, сака да биде организатор на ЛОИ 2036

1 min read

Русија се подготвува да поднесе кандидатура за организација на Летните олимписки игри во 2036 година и ја започна потрагата во идеалниот град за организацијата.

– Мораме да конкурираме за организација на Игрите во 2026 година. Државата ќе мора да најде достоен град кандидат – изјави Дмитриј Чернишенко, заменик премиерот на Русија.

Процесот на избор на град кандидат за домаќин на Игрите ќе го водат Рускиот олимписки комитет и министерството за спорт, а како потенцијални градови се споменуваат Санкт Петербург и Казањ.

Руските спортисти моменто не можат да настапуваат со националните обележја на најголемите спортски настани поради суспензијата од Светската антидопинг агенција (ВАДА) за системски допинг и прикривање на докази.

Доколку евентуално ја добие организацијата, тоа би биле трети Олимписки игри што би се одржале во Русија, откако Москва во 1980 година беше домаќин на Летните Олимписки игри, а Сочи во 2014 година ги организира Зимските Олимписки игри.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) веќе ги избра домаќините на Летните олимписки игри за следните три циклуси, и тоа се Париз (2024), Лос Анџелес (2028) и Бризбејн (2032).

Освен Русија, интерес за организација на ЛОИ 2036 година пројавува и Германија чиј кандидат би требало да биде Берлин. Идејата е на 100-годишнината од Игрите во 1936 година кои ги организираше нацистичка Германија,  да се покаже дека државата е драстично сменета и мрачниот период е веќе историја.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рангелова: Груевски имаше поголем демократски капацитет од Мицкоски

Следно

ВИДЕО | Нова објава на извидникот Петар: Не сакам и боранија, зелка и спанаќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian